Потежок од невестата: Невестински фустан од 63kg и вреден 6.000 фунти (фото) – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/19 8:27 AM

Потежок од невестата: Невестински фустан од 63kg и вреден 6.000 фунти (фото)

39-годишната Ребека Макхем е невеста која успеала да носи фустан кој тежи повеќе од неа заради големите количини на материјал и металните обрачи прикачени на самиот фустан.

Потребни ѝ биле дури 20 минути за да го облече гигантскиот фустан заради кој пристигнала еден час подоцна на церемонијата.

На свадбата пристигнала во голема розова лимузина, заедно со нејзините деверуши.

Фустанот кој го носела на себе тежи 63 килограми (таа има 60 килограми), целиот е изработен со голем број на фалти, Сваровски кристали и 8 големи обрачи за да го држат материјалот.

Фустанот чинел дури 6.000 фунти.

На свадбата дури има и торта во форма на замок…