Дебрани се согласни Дебарско Езеро да биде дадено под концесија за рекреативен риболов, но се категорично против давањето концесија и за стопански риболов.
Според Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта” ова е ставот искажан на средбата што друштвото ја организирало со членството,претставнци на граѓански организации а на која прсуствувал и градоначалникот Хекуран Дука,кој дал целосна подршка.
Средбата следувала по објавениот Јавен повик за доделување концесија на рибите за вршење стопански риболов и за организирање рекреативен риболов на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Не сме против да се даде концесија за рекреативен риболов,но категорчно сме против за стопански риболов. Претходниот коцесионер,на што често предупредвавме, воопшто не ги почитуваше обврските и правилата за концесија и во периодот од шест години до максимум го осиромаши рибниот фонд на езерото.Дополнтелно од август лани езерото нема концесионер па несовесни граѓани од општините Дебар и Центар Жупа, го доосиромашија езерото. Поради тоа има потреба од најмалку четри-пет години да се стопира стопанскиот риболов со цел да се врати некогашниот епитет на богато езеро со рибен фонд, вели Боцку.
Тој најави потпишување петиција која ќе биде доставена до надлежните а не се исклучува противењето да се искаже и преку протест.
– Градоначалникот Дука дава целосна подршка и верува дека Министерството ќе го земе во предвид барањето бидејки тоа е во интерес на општината. Најави активности на локалната власт во насока на презентирање аргуметни со кои Министертвото ќе се убеди дека на Дебарско Езеро мора да се воведе мораториум за спортски риболов, додава Боцку.
Земјоделската задруга „Охридска пастрмка” од Струга концесијата на Дебарското Езеро за перод од шест години ја доби во август 2012 година. Пред стружани концесонери беа СРД„Трофта” и еколошкото друштво„Дешат”, но тие не можеа да конкурираат поради високите средства потребни за концесија (30.000 евра). Претходно концесонер на езерото беше Хидроелектраната „Шпиље”.
МИА