Силен земјотрес во Истанбул (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/19 5:24 PM

Силен земјотрес во Истанбул (ВИДЕО)

Силен земјотрес се случи попладнево во Истанбул. Силината беше 5,8 степени по Рихтер. Епицентарот бил на 66 километри од Истанбул, во Мраморното море на длабочина од 7 километри.

Од потресот се ниша зградите во градот а внесе и голема вознемиреност кај жителите.

Земјотресот е регистриран  во 13,59 часот по локално време.