Компанијата Google тврди дека го изградила првиот квантен компјутер кој може да врши пресметување и решавање проблеми над можностите на најмоќните денешни суперкомпјутери.
Во извештајот на истражувачите на Google, кој беше кратко објавен на страницата на NASA па потоа е отстранет, се тврди дека нивниот процесор бил во можност во рок од три минути и 20 секунди да ги изврши пресметките за кој на најнапредниот класичен компјутер Summit му требало, како што се наведува, отприлика 10.000 години.
Истражувачите велат дека тоа значи „квантна супериорност“, кога квантните компјутери вршат пресметки кои претходно биле невозможни.
„Ова драматично забрзување во однос на сите познати класични алгоритми овозможува експериментална реализација на квантната супериорност. Колку што знаеме, овој експеримент означува прва пресметка која може да се направи само на квантен процесор“.
Како што се наведува, системот може да изврши само една висока техничка пресметка, но за употреба на квантни машини за решавање на практични проблеми потребни се уште многу години. Додека прототипите таканаречени квантни компјутери постојат, тие можат да ги извршуваат истите задачи кои можат и класичните компјутери, само побрзо.
Извештајот на консултанската куќа Boston Consulting Group, од ноември 2018 година вели дека тие би можеле „да ја променат играта во областите на криптографија и хемија (а со тоа и науката за материјали, земјоделство и фармација), особено оние кои се однесуваат на вештачката интелигенција и машинското учење“.
За разлика од основните бинарни елементи на класичните компјутери, или битовите кои претставуваат или нули или единици, квантните битови или кубити можат истовремено да претставуваат и едно и друго. Поврзување кубити, квантните компјутери истовремено можат да обработуваат огромни количини на информации, додека традиционалните компјутери мораат да ги обработуваат последователно.
„Тоа е значајна пресвртница, прв пат некој да покаже дека квантните компјутери воопшто можат да ги надминат класичните компјутери“, изјави Стив Бријерлеј, основач на квантниот софтверски стартап, Riverlane и советник на Владата на Велика Британија за квантна технологија.
Извор: denar.mk