Секогаш беспрекорно негуваната Иванка Трамп, советничка на нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, направи моден гаф што ги распали социјалните мрежи
Прекрасната русокоса, сопруга на Џерард Кушнер со која има три деца, го дизајнираше својот стајлинг за самитот на ООН во Њујорк и изгледаше беспрекорно во тесна сина кошула, бело здолниште Прада со цветни детали, што чини неверојатни 14.350 долари и лакирани чевли.
(Иванка Трамп со српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ)
Новата боб фризура која и’ одговара добро и пристојна шминка убаво го заокружи деловниот изглед на „првата ќерка“ како што честопати ја нарекуваат американските медиуми.
Сепак, убавата Иванка, чиј стил на облекување го обожаваат многу љубители на модата, па дури и имаше своја модна марка некое време, направи гаф за која ќе се зборува долго време.
Имено, Иванка избра погрешен градник, поради што нејзините брадавици, кои беа јасно видливи под тесната кошула, беа во преден план.
Објавено на: 09/25/19 6:30 PM