Има ли искварцани, избилдани, разубавени и свежи затвореници? – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 4:12 PM

Има ли искварцани, избилдани, разубавени и свежи затвореници?

По вчерашното појавување на Бојан Јовановски во Обвинителството, што беше неговото прво појавување пред јавноста по десетина дена, излегоа коментари дека е со свежо обоена коса и средена фризура. Есад Рахиќ, директорот на затворот Скопје, каде во притвор се наоѓа Јовановски, денеска одговори на овие коментари и како што рече „шпекулации во јавноста“.

– Јас се сложувам дека условите во затворот „Шутка“ се далеку од идеални или далеку од она како што треба да бидат, меѓутоа, ако слушате некои коментари дека поедини притвореници се искварцани, фризирани,набилдани,поправени и изгледаат свежо…не ќе да е така, изјави Рахиќ.

Диркторот објасни дека Јовановски е сместен во тнр.Хашко одделение, каде е дозволена посета на адвокат без надозр, а на располагање има лекар и бербер. Според пишувањето на „Независен“ адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и Народниот правобранител. Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Роднините одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата – пренесува „Независен“.

Катица Јанева е сместена во посебна ќелија со цимерка, а чуварите внимаваат да не добива провокации од другите затвореници. За поранешната специјална обвинителка немало место во „Хашките ќелии“ каде што е сместен Боки 13, а со оглед на тоа што се осомничени за ист случај, не смеат да бидат во контакт.