Варвициотис: И дома и надвор нашата позиција за Договорот од Преспа е иста – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 3:48 PM

Варвициотис: И дома и надвор нашата позиција за Договорот од Преспа е иста

Договорот од Преспа е лош договорот со многу проблеми. Ова е позицијата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис. Во интервју за грчкото радио Канал еден тој вели дека за ваквата позиција за Преспанскиот договор пристигнуваат обвинувања и до лево и од десно.

Тој посочува дека соседите уште го немаат спроведено Договорот од Преспа, односно не се сменети табелите на спомениците, имињата на улиците и не се отстранети симболите од многу јавни објекти.

За обвинувањата од поранешниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос за комисиите што произлегуваат од Договорот од Преспа, Варвициотис објаснува дека во однос на онаа што се однесува на учебниците,  не може промените во учебниците да се направат непосредно непосредно пред да се отворат училиштата во септември, туку тоа е процес за кој се потребни се месеци за подготовка, имајќи предвид дека новата грчка влада дојде на власт во текот на летниот период.

„Министерството за надворешни работи и господинот Катругалос како министер за надворешни работи, од февруари, кога се ратификуваше Договорот од Преспа во грчкиот Парламент не направи никаков потег за другата страна да ги смени учебниците. И сега нѐ повикува нас, зошто ние во август не побаравме од Скопјаните да не ги печатат книгите што ги имаа подготвено, туку да седнат да напишат нови книги и за еден месец да ги напишат, да ги издадат и да ги поделат на учениците“, рече Варвициотис.

Во однос на Комисијата за трговските ознаки, тој вели дека во јуни се одржала средба за запознавање и закажале следен состанок за ноември. Варвициотис објаснува дека ова се должи на фактот што шефицата на комисијата од грчка страна, избрана од претходната Влада, има недостиг на слободно време, затоа што е во Њујорк, бидејќи таму се „професионалните интереси”.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија уште еднаш го повтори ставот дека Владата ќе се обиде да ги ублажат „негативните последици од лошиот Договор од Преспа за грчките граѓани и грчките интереси”.

„Ќе притиснеме да се спроведат оние параметри и она што е предвидено од Договорот од Преспа, кои соседите Скопјани не би сакале многу да се спроведат, потенцира Варвициотис во интервјуто за радиото.