Во СЈО со години со дозвола на шефицата Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.
Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало. Вработените во СЈО едноставно во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер.
Истата процедура морала да биде запазена и кога се враќал доказот во депото односно архивата на СЈО. Информацијата на нашите извори вели дека оваа операција не се почитувала, односно за многу од материјалите не постои пишан траг кој и кога подигнал бомби за одреден предмет.
Дополнително, безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, пред се за да се избегне протекување на бомбите, истовремено вработените неовластено да вршат увид во работата на своите колеги. Но и оваа безбедносна мерка воопшто не била почитувана, односно само мал број на компјутери не биле вмрежени, како што е оној во архивата.
Повеќе прочитајте на Канал 5