За седум месеци на скопските улици ќе сообраќаат 33 нови еколошки автобуси со погон на гас. 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници.
Обновата на возниот парк на Јавното Сообраќајно Претпријатие ќе биде со минимално загадување на животната средина, двојно поголем капацитет како и годишна заштеда од 25.000 евра на гориво.
„Набавивме 21 никоподен автобус, со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни никоподни автобуси со капацитет од 149 патници. Новите автобуси се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на Јавното сообраќајно претпријатие. Еден еко автобус заштдува до 25.000 евра годишно само за гориво. Најголемата предност е што емитуваат значително помалку CO2 и така речи не го загадуваат воздухот“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешното потпишување на договорот со производителот на автобуси МАН за набавка на новите еко автобуси.
Поголем простор и комоција за движење, што ќе придонесе за побрз проток на патници е она шт ќе го овозможат новите еко автобуси,вели диркеторот на ЈСП, Кристијан Чушков.
„Во новите автобуси ќе има можност за најмалку две места во возилото што исто така ќе придонесе за побрз проток на патници. Важни карактеристики на новите возила се пониска бучавост, полесно и поефикасно одржување, нема потреба од дополнитело прочистување на издувните гасови и имаат поголем век на траење“, изјави Чушков.
Најнеисправните автобуси кои во моментов сообраќаат низ Град Скопје, ќе бидат први повлечени од сообраќај по доаѓањето на новите еко автобуси, појасни Шилегов.
„Тоа допрва ќе се прави проценка, оние кои што сметаме дека во моментов се еколошки нејнеисправни се нашиот таргет во суштина“, изјави Шилегов.
Според постигнатата цена на тендерот еден единечен еко автобус чини 263.000 евра а зглобните 334.000 евра. Автобусите на овој производител се возат скоро во сите градови на Европската Унија.
Секој ден во градскиот сообраќај се пуштаат 280 автобуси, во флотата ЈСП има околу 310 до 320 свтобуси што се во возна состојба, а нивното сервисирање се врши секојдневно.