САД: Отворена е истрага што може да го урне Доналд Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 10:40 AM

САД: Отворена е истрага што може да го урне Доналд Трамп

Ненси Пелоси, пртседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, соопшти дека Конгресот и официјално ја започнува истрагата која може да резултира со отворање на постапка за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Таа се одлучи на овој радикален потег по последните обвинувања на сметка на претседателот според кои тој ја ограничил американската воена помош за Украина и вршел притисок врз украинскиот претседател за Украинците да отворат истрага синот на неговиот потенцијален противкандидат на претседателските избори идната година, Џо Бајден.

Претседателот Трамп негираше дека ја користел американската помош како средство за притисок врз Украина, оправдајќи го својот потег со неговата наводна желба да ги вклучи и европските земји во испраќањето помош за Украина. Но, тоа не беше доволно да ги увери демократите, кои на крајот одлучија да отворат постапка за негово отповикување