Повторно почна да тече минерална вода од изворот во месноста Бањиче во Тетово, кој во 2014 година беше затрупан поради изведување градежни работи.
Станува збор за големиот извор после металниот мост, каде водата сама почнала да истекнува. Сепак, од Центарот за јавно здравје информираат дека водата не е микробиолошки исправна.
– По јавување на граѓани кои рекреираат до месноста Бањиче наша екипа беше на терен и зеде примерок од изворот кај кривината и од најстарото место преку металниот мост каде што констататиравме дека штедроста е многу зголемена дури и одреден период ја немаше.Зедовме мостри од двете места. Апелирам водата од изворот од преку мостот да не се користи затоа што не е безбедна од аспект на микробилогија. Изолирани се полиформни и ешерихија коли бактерии кои се индикатори на фекално загадување. Минералната вода од физичко хемиски параметри е вода богата со минерали содржи калциум и магнезиум но не е безбедна за пиење, изјави Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.
Минералната вода која ја има на неколку места во месноста Бањиче се користи од граѓаните и се верува дека има и одредени лековите својства.
– Минерааната вода кај изворот кај кривината има намалена штедрост, а бактериолошки како и и физичко-хемиски е безбедна и квалтитна. Со тоа што во текот на годината варира квалитетот на минералната вода во месноста Бањиче. Богата е со минерали но не ја препорачуваме да се пие постојано туку само две чаши на ден, вели докторот Давидовски.
Месноста Бањиче се наоѓа на три километри западно од Тетово во падините на Шар Планина во правец на изворот на река Пена. Патот долж реката се користи за пешачење и трчање.
МИА