Хамди Улукаја, овчар од мало село во Турија, со труд и знаење, успеал да заработи милијарди и да стане „крал на јогуртот“ во САД, пренесуваат „Независне новине“.
Овој Курд заминал во САД и ја основал компанијата „Chobani“ (овчарски) што прави јогурт, која денес вреди пет милијарди долари.
Хамди е роден во далечните степи на Анадолија, на номадско патување додека неговите родители ги селеле овците. Не се ни знае денот на неговото раѓање. Пораснал меѓу овците во планинте. Со родителите правеле сирење, јогурт и кајмак. Кога пораснал, татко му го испратил во Анкара да студира политички науки, а потоа заминал во Њујорк на постдипломски студии за бизнис.
Со кредит, во 2005 година купил руинирана фабрика за јогурт во ридиштата над Њујорк.
„Американците немаат поим што е јогурт. За нив јогурт е некаков десерт со многу шеќер и овошје. Сакам луѓето да пробаат вистински јогурт како нашиот“, му напишал на татка си.
„Chobani“ е прогласена за една од десетте најиновативни компании во светот.