Нов вид лек против ракот првпат одобрен во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/19 6:42 AM

Нов вид лек против ракот првпат одобрен во Европа

Новиот лек против рак, кој може да лечи широка лепеза тумори, првпат е одобрен за користење во Европа. Британските лекари кои го тестираат новиот лек велат дека се работи за „возбудлива“ работа, јавува ББС.

Лекот „ларотрецтиниб“ имал потенцијал да излекува повеќе пациенти и да ги намали нуспојавите.

„Добробит за пациентите, а особено за децата, е што може да се лекуваат различни видови рак со еден лек“, вели шефот на британскиот здравствен систем, Сајмон Стивенс.