Константин Косјачов, претседавач на Комитетот за надворешна политика, го оцени американското одбивање за издавање визи на многубројните руски претставници на Генералното собрание на ОН во Њујорк како политичка одлука.
– САД намерно го направија тој потег. Очигледно, тоа е политчка, а не техничка одлука, а таквите одлуки на американската страна бараат „болен“ одговор од Русија – рече тој.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, пред тоа изјави дека САД ги прекршиле меѓународните правила со неиздавањето визи за руските сенатори, додавајќи дека е потребен остар одговор од Москва и од ОН, пренесува „Русија тодеј“.
Америнакците неиздавањето визи го објаснија со доцна поднесено барање.