Играчките кои се небезбедни за децата од Европската Унија, во Македонија слободно се продаваат – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/19 1:09 PM

Играчките кои се небезбедни за децата од Европската Унија, во Македонија слободно се продаваат

Свеста за еколошки безбедни играчки за децата кај нас е на пониско ниво, со оглед на големиот наплив на небезбедни играчки на пазарот. Главниот проблем е во нелегалниот влез на играчките на македонскио пазар. Во најчест случај, играчките кои се небезбедни за децата од Европската Унија, кај нас слободно се продаваат.


Владата на Република Македонија спроведе акција со што се повлекоа одреден број на играчки и беа затворени одредени продавници, токму тоа говори дека кај нас има наплив на небезбедни еколошки играчки за деца, вели Наташа Доковска, координаторката на прокетот „Хемиски безбедни играчки по здравјето на децата“.

„Ние во рамките на овој проект кој што е поддржан од ГЕФ програмата за мали грантови имавме конкурс да се пријават македонски производители на еколошко безбедни играчки се пријавија воглавно оние кои што работат хенд – крафт односно рачна изработка, што говори дека во Македонија нема сериско производство на играчки особено не на еколошко безбедни играчки. Од онаа понуда која што ја добивме, од оние играчки кои беа презентирани се плетени играчки и играчки направени од дрво. Што говори тоа, тоа говори дека кај нас нема свесност за еколошки безбедни играчки. Сега ние, со играчките кои се конкурираше на овој конкурс, како и со оние производители кои не конкурираа но кои што имаат играчки кои што можат да се најдат на Фејсбук или другите социјални мрежи каде што ги нудат, ние имаме идеја да направиме да формираме една кооператива која што ќе ги застапува сите овие производители на еколошки безбедни играчки и ќе ги нудиме на пазарот за да ја подигнеме свеста, затоа што сметаме ако сме повеќе во поголем број ќе бидеме поефикасни“, вели  Доковска, која додава дека Европската Унија секоја недела објавува листа за брзо предупредување на производи кои се небезбедни, а тие кај нас може слободно да се најдат во малопродажба.


„Играчките кои се небезбедни за децата од Европската Унија кај нас слободно се продаваат, но ние тука имаме едно „извинување“ па добро Македонија не е дел од Европската Унија, ние треба но не мора да ги почитуваме тие закони и кај нас не се дететктирани тие играчки, но играчките ги има. Исто така го имаме проблемот со оној „слајм“ играчка која е растеглива материја, па децата си играат, таа е една во моментов од најопасните играчки, таа предизвикува опекотини, алергии, влијае на заболените деца од астма, кај нас оваа играчка може да се најде секаде“, изјави Доковска.


Таа вели дека главниот проблем не е со оние играчки кои легално, туку со оние кои нелегално влегуваат на пазарот кај нас. Па токму и затоа испраќа апел до сите родители, потрошувачи кога ќе купуваат играчка да ја побараат декларацијата, затоа што играчка со декларација е безбедна играчка.