Шаманот Александар Габишев во март годинава тргна на пат низ Русија долг повеќе илјади километри, од Сибир до Москва, за во главниот град „да го истера ѓаволот“ од рускиот претседател Владимир Путин. Но, во Москва не стигна, уапсен е од полицијата во Буратија, пишува СНН.
На Инстаграм Габишев за Путин рекол дека е “ѕвер, пријател на пеколот и син на Сатаната“ и оти тргнува пеш за Москва за да го истера ѓаволот од него.
Руски медиуми пренесуваат дека шаманот е пренесен во психијатриска установа на прегледи. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, рекол дека Путин не слушнал за шаманот и за неговата мисија.