Вучиќ доби ветување: Грција немало да признае самопрогласено Косово – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/19 9:59 AM

Вучиќ доби ветување: Грција немало да признае самопрогласено Косово

Грција нема да го промени ставот за непризнавање на Косово, рече грчкиот премер Мицотакис во Њијорк на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додал и оти Грција го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, но смета дека едностарани потези не му одат во прилог.

Вучиќ го замолил Мицотакис Грција и во иднина да не го менува ставот во врска со Косово, истакнувајќи дека тоа за Србија е од пресудно значење, пренесуваат српски медиуми.

Вучиќ и Мицотакис во Њујорк учествуваат на заседанието на Генералното собрание на ОН.