Железничка несреќа се случила синоќа на пругата Штип-Кочани, при што повредени патници нема, но има материјална штетата. Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф”.
-Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф” со кочански регистарски ознаки, управувано од 21 годишниот А.И од село Спанчево, вели Панајотова.
Во незгодата причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Оваа година ова е прва железничка незгода на пругата Штип-Кочани.