Дуковски: Боки нон-стоп повраќа, се смеат дека е труден – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/19 1:04 PM

Дуковски: Боки нон-стоп повраќа, се смеат дека е труден

Бојан Јовановски во притвор постојано повраќа и паѓа, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го денеска пред јавноста откри дека неговиот клиент е во живото-загрозувачка состојба, поради операциите кои ги направил пред да биде притворен за „Рекет“.

  • Тоа е операционен зафат кој јас лично го осудувам, од наводно естетска природа, за намалување на неговиот желудник. Но, после тоа имаше две неуспешни операции на подврзување на тенкото црево во тој желудник. Нон-стоп повраќа. Нека се смеат владителите на правото кога велат дека можеби е труден, рече Дуковски.

Прашан за тоа кој се смеел, на кои владетели на правото мисли, Дуковски рече дека тоа го кажал со сарказам.

  • Ние сме позната нација каде секој секому се сити за определена ситуација. Отворете „Фејсбук“, секој втор пост на луѓето што кои го мразат прашуваат да не е труден, рече Дуковски.