Американски план?: Операција во пет точки за создавање Балканска унија и бришење граници – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/19 12:01 PM

Американски план?: Операција во пет точки за создавање Балканска унија и бришење граници

Во дипломатски кругови се зборувало за содржината на разгворите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот американски амбасадор во Србија, Камерон Мунтер. Како што пишуваат српски медиуми, а пренсуваат и повеќе балкански, Мунтер ја открил шемата на американскиот пакет за Балканот, чија реализација почнала со поставувањето на Палмер како специјален пратеник за западен Балкан.

Американците планирале да понудат поделба на Косово, да воведат бршење граници на Балканот, да постават темели на своевидна економска унија, да овозможат уште поголема автономија на Албанците во Македонија, но и да осигураат опстанок на БиХ како целина со значителни отстапки за Србите во Република Српска. Во Вашингтон очекувале и поддршка за нивниот план од Русија и Путин.

Како што се наведува, планот се состои од пет точки. Првата е поделба на Косово, така што северниот дел да биде во состав на Србија со специјален статус за Митровица. Посебна заштита и екстериторијален статус би добиле „српските светости“ во Косово.

Втората точка се однесувала на задржување на целовитоста на БиХ, со содавање економска и царинска унија и со практично бришење на границите за проток на луѓе и стоки помеѓу Република Српска и Србија, но без можност за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

Третата точка се однесувала на правата на Албанците во Македонија. За да се надомести губењето на делот на Косово што тие го сметаат за свој, Албанците во Македонија би добиле уште поголема автономија, а границата меѓу Косово и Македонија речиси би била формално укината, исто како и таа меѓу Косово и Албанија.

Чевртата точка наводно била за економски пакет од околу десет милијарди евра за западен Балкан. Петтата се однесувала на царинска унија, своевидна балканска унија, во која границите би биле целосно отворени, а административните формалности би биле сведени на минимум.