Поради пропаѓањето на „Томас Кук“, повеќе од 600 патници „заглавија“ во Сплит и во Дубровник – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/19 11:57 AM

Поради пропаѓањето на „Томас Кук“, повеќе од 600 патници „заглавија“ во Сплит и во Дубровник

Поради пропаѓањето на најстарата светска туристичка агенција, британската „Томас Кук“, на сплитскиот аеродром заглавија точно 438 патници, колку што требаше денеска да полетаат со двата сега откажани лета. Во тек е акција за нивно згрижување и барање место во други летови, па се очекува повеќето, сепак, да се вратат во своите домови, пишуваат хрватски медиуми.

Агенцијата во оваа туристичка сезона имала 102 лета за Сплит, а до крајот на сезоната биле закажани уште десет, но сега сите се откажани. Слично е и во другиот хрватски туристички центар, Дубровник, каде што на аеродрмот заглавија 190 туристи.

Веднаш по објавата за пропаѓањето на „Томас Кук“, поради што низ светот останаа без лет неколку стотици илјади луѓе, во Сплит пристигнале претставници на британската ЦАА со задача да обезбедат веаќање на патниците.