Неверојатен новинарски гаф: Се обидовме да дојдеме до коментар од загинатиот, но беше недостапен! – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/19 11:55 AM

Неверојатен новинарски гаф: Се обидовме да дојдеме до коментар од загинатиот, но беше недостапен!

На Твитер е актуелен неверојатниот гаф на новинарката Сара Велш, која работи за телевизијата КТЛА, за која се јавувала од американската сојузна држава Калифорнија.

Известувајќи за полициска потера во која бил убиен 50-годишен маж, пред камерата рекла дека се обидела да го контактира убиениот.

„Се обидовме да дијдем до мажот што загина во потерата, но беше недостапен“,  рекла во извештајот.

Тоа се случило пред два месеца, но снимката е се’ уште актуелна и на Твитер веќе е проследена повеќе од четири милиони пати.