Претседателот Пендаровски во посета на Велес – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/19 6:50 AM

Претседателот Пендаровски во посета на Велес

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во посета на Општина Велес.

Посетата на Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во рамките на проектот „Лице в лице”.

Пендаровски заедно со градоначалникот на Велес Аце Коцевски ќе засади садници на опожарените места крај езерото Младост, а потоа ќе ги посети ООУ „Св. Кирил и Методиј” и Територијалната противпожарна единица во овој град.