ДОМ за каменоломите во Лабуништа: Кривични пријави за загрозување на човековото здравје – ММС
ММС

Објавено на: 09/22/19 1:29 PM

ДОМ за каменоломите во Лабуништа: Кривични пријави за загрозување на човековото здравје

ДОМ го поддржува и овој протест на жителите од Лабуништа против каменоломите што им го прават животот крајно нездрав и неподнослив. Не се живее среде каменоломи, во бучава и прашина!

„Каде е Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот, водите и почвата? Каде е санитарниот инспекторат да утврди какво е здравјето на децата и сите жители во таа прашлива бркотница? Што презедоа министерствата за економија и животна средина по жалбите и апелите од сите страни? Има ли некој да ги чуе луѓето што бараат помош и спас од каменоломите во нивните дворови?“, се прашањата кои ги поставува Демократската Обнова на Македонија во писмена реакција за поддршка на протестот на жителите на Лабуништа.

Од ДОМ велат дека доколку институциите продолжат да се оглушуваат, тие ќе поднесат кривични пријави за загрозување на човековото здравје против одговорните лица во нив.