Утрово на граничниот премин Табановце кон српска граница, чекањето за влез во соседната земја е по 4 до 5 часа.
По дојава на слушател за Радио мрежа Канал 77, вели дека од 4 часот утрово чека на граничен премин Табановце за влез во Србија, и за тие часови додека чека автомобилите не се поместиле ниту 200 метри, а колоната на граница е долга повеќе од 2 километри.
Сите оние кои имаат во план да заминат во овој правец, нека ја имаат оваа информација во предвид.