Двата последователни земјотреса од соседна Албанија што се почувствуваа попладнево во западниот дел од земјава ги испаничија жителите на Дебар.
Првиот земјотрес кој беше со поголем интензитет предизвика паника, осбено меѓу жителите на повисоките катови од станбените згради, кои ги напуштија своите домови и подолго се задржаа надвор. Дел од нив по вториот потрес заминаа кај свои блиски кои живеат во куќи и, како што велат, таму ќе ја поминат ноќта.
Епицентарите на двата земјотреса биле во близина на прстанишниот град Драч. Првиот со јачина од 5,8 стапени според Рихтер и во Јадранското Море, а вториот регистриран десетина минути подоцна имал магнитуда од 5,6 степени.
Земјотресот е почувствуван на речиси целата територија на Албанија, најмногу во Тирана и Елбасан. Засега нема информации за повредени, освен дека потресите предизвикале материјална штета.