Завчера во Сали на Дуги Оток, Хрватска, змија заталкала во детската градинка. Брзо интервенирале пожарникари и ја извлекле змијата, а децата од безбедна оддалеченост ја следеле интервенцијата.
„Не’ викнаа од детската градинка. Во гардеробата, каде што децата се пресоблекуваат, имало змија. Брзо отидовме. Змијата се скрила зад шкафче. Кутрата, од страв не знаела каде. Малку застуде, па сега бараат потопло. Ја извлековме и ја пуштивме во природа“, изјави за РТЛ пожарникарот Јурица Ушаљ, кој ја уловил змијата.