Хрватскиот главен град ќе му подигне споменик на Махатма Ганди на остров на езерото Бундек, одлучија завчера застапниците во загрепското Градско собрание. Споменикот е донација од Индија, а Градот ќе го уреди земјиштето.
Годинава навршуваат 150 години од раѓањето на светската икона на мирот и ненасилството. Индискиот водач Махатма Ганди се избори за независност на својата земја по пат на ненасилна револуција.