Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 17 годишен малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
Според информациите од Полицискиот билтен, на 31 јули и 3 август оваа година во с.Кадрифаково, светиниколско, пријавениот се обидел да изврши обљуба над 13 годишна малолетничка и ја допирал по телото.