Вчеравечер во штипската полициска станица било пријавено дека по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Брегалница 2008“ од Штип и ФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци, на улица„Партизанска“ во Штип, бил нарушен јавниот ред и мир од дваесет и осумгодишен штипјанец, навивач од навивачката група ,,Фаланга“ од Штип.
Тој се обидел со камења да фрла кон возилата на навивачката група ,,Лозари“ од Кавадарци, но полицијата го спречила и го привела.
По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопштија од полицијата.