Во недела велосипедска трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019″, градот со посебен сообраќаен режим – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/19 1:10 PM

Во недела велосипедска трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019″, градот со посебен сообраќаен режим

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија во недела од 11.00 до 14.30 часот ќе се одржи велосипедската трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019″. Трасата на движење ќе биде од улицата „Самоилова” (Музеј на современа уметност), долж улицата „Лазар Личеноски” (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова”.

Од тие причини МВР ќе воведе посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.