Викенд медиа фестивал ги собра медиумите од регионот – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/19 10:51 AM

Викенд медиа фестивал ги собра медиумите од регионот

Со серија работилници, приказни за успех, за тоа зошто регионот е интересен за големите продукции по искуството со Игра на троновите, започна Викенд медиа фестивалот во Ровињ, Хрватска.

Неформалниот почеток го имаше синоќа со изложба на фотографии на Нешнл џиографик посеветена на жените, а како вовед во една од работилниците, каде фоторепортер на реномирсниот магазин ќе зборува за тоа како да се раскаже една човечка приказна.

Дигиталното време, дигиталното радио, како и за музиката на радиото, трендовите и форматирањето, се дел од темите за кои ќе зборуваат професионалци и експрерти.

Говорници се познати имиња од регионот, но и од светски познтите брендови, како Вог, Никлодеон, гуруа во своите области кои имаат мастерклас предавања. Најпрестижниот медиски фестивал во регионот кој ги собира на едно место медиумите, маркетинг агенциите и претставниците на големите брендови. Канал 77 со своја екипа е во Ровињ со детали од случувањта.