Скопје се приклучува на глобалната климатска акција на секојдневни протести кои ќе траат цела недела, а почнуваат денеска. Домашното движење Fridays for future или Петоци за иднината најави протест за во 13 часот пред Владата. Граѓанските активсти јавно ги повикаа средните училишта во главниот град да ги ослободат учениците од настава за да може да се приклучат на протестот. Која е пораката што ќе биде адресирана денеска до надлежните, во изјава за Канал 77 објаснува активистот Никола Јовановски:
„Јадрото на протестот е да имаме брза и доследна акција против климатските промени, нешто што го немаме видено на глобално ниво, а особено и кај нас.Се’ појасно ни станува дека се наоѓаме во кразна ситуација и мораме посериозно да се вложиме во решавање на проблемот. Велика Британија прогласи климатска криза, а имаме и солидализирање со срендошколците кои се пуштаат да одат на протестите. Засега немаме одзив од училиштата. Се отворени за соработка за едукација и тоа е важно, но не сум сигурен дали би ги пуштиле учениците да излезат од часови за да се приклучат на протестот“.
Тој додава дека одговорноста за заштитата на животната средина лежи и кај граѓаните и кај институциите, но смета дека кај нас свеста за ова прашање е на многу ништо ниво, што според него е поразувачко:
„Во последно време, гледам како се’ почесто се зборува за проблемите со климатските промени и животната средина, бидејќи потешко е да се игнорираат. Ако живеете во некои од позагадените градови, природно е да се муабети за она што се дише и тоа е на линија во однос на граѓаните. Сепак, свеста е на ниско ниво. Кога се работи за институциите, се одложуваат цели поставени за климатските промени кои веќе се огромни. Тоа е малку поразувачко“.
Додека активстите од земјава ќе протестираат во нашиот главен град, паралелно ќе се случуваат протести о иста порака на глобално ниво. Клучниот ќе се одржи во Њујорк,, од каде веќе пристигнаа најави дека средните училишта нема да ги спречуваат учениците да присуствуваат на протестот, која треба да се одржи пред седиштето на Обединетите Нации. Протестите против климатските промени ги почна активистката Грета Тунберг од Шведска, која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред Владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со ова прашање.