Дебата: Електричните тротинети земаат замав, но за нивното користење низа прашања „висат во воздух“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/19 6:24 PM

Дебата: Електричните тротинети земаат замав, но за нивното користење низа прашања „висат во воздух“

Осум сообраќајни незгоди се регистрирани во земјава од почетокот на годината, кога станува збор за користењето електрични тротинети. Ова превозно средство станува се’ попопуларно, но домашната законска регулатива не го прецизира неговото користење.

Кој, каде и кога може да управува електричен тротинет и каква опрема треба да носи при тоа – се само дел од прашањата за кои македонските институции се уште немаат одговори, за разлика од дел од европските земји. За овие прашања денеска во Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот организираше тркалезна маса.

Електричните тротинети секојдневно стануваат составен и нераскинлив дел од патниот сообраќај во Скопје и во другите градови. Анализирајќи ја состојбата во сообраќајот и правната регулатива од областа на сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја идентификува потребата за организација на тркалезна маса на која ќе бидат анализирани сите отворени прашања кои се поврзани со учеството во сообраќајот со електричен тротинет. Присуството на електричните тротинети во сообраќајот наметнува многу прашања за тоа: кој може да управува електричен тротинет, на која возраст, што треба да поседува електричниот тротинет, каква опрема треба да користи лицето кое управува електричен тротинет, каде треба да се движат електричните тротинети, со која брзина, кој и каква одговорност ќе сноси доколку се случи сообраќајна незгода од посериозен карактер, а во која учествувало лице кое управува електричен тротинет, кои и какви се придобивките, ризиците и можностите од зголеменото присуство на електричните тротинети во сообраќајот – велат од РСБСП.

Претседателката на Советот, Гордана Кожуваровска забележува дека нивното присуство носи големи придобивки, но истовремено и закани за учесниците во сообраќајот:

„Во нашиот главен град и во сите останати градови учествуваат овие електрични тротинети. За сметка на тоа имаме позитивни и одредени негативни особини. Поради тоа, организиравме тркалезна маса за да се одговори на сите недоречени прашања“

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вели признава дека локалните власти треба да направат соодветна инфраструктура за електричните тротинети, но порачува дека МВР треба да направи регулација за ваквото сучество во сообраќајот.

На денешната тркалезна маса присуствуваа и претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерствата за економија и за образование и наука, Град Скопје, претставници на академската заедница, но и на невладините организации. Целта е заклучоците да се преточат во соодветно законско решение.

нати градови учествуваат овие електрични тротинети. За сметка на тоа имаме позитивни и одредени негативни особини. Поради тоа, организиравме тркалезна маса за да се одговори на сите недоречени прашања“