Слабата добивка на банките во еврозоната ги загрижува супервизорите – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/19 3:31 PM

Слабата добивка на банките во еврозоната ги загрижува супервизорите

Лошата добивка на банките во еврозоната ги загрижува супервизорите затоа што, заедно со намалените цени на акциите на пазарот, на заемодавателите може да им го отежни зголемувањето на капитал, изјави главниот банкарски супервизор на еврозоната.

Говорејќи по состанокот со Здружението на италијански банки во Рим, првиот човек на Надзорниот одбор на Европската централна банка, Андреа Енриа, изјави дека ниската добивка ги спречува банките внатрешно да создаваат доволен капитал.

„А ако проценките на пазарот се многу депресивни, банките би можеле да имаат потешкотии при собирањето капитал на пазарот ако се појават потреби“, изјави Енриа.

Извор: denar.mk