Најбогатиот Европеец го купува A.C Milan за милијарда евра? – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/19 2:34 PM

Најбогатиот Европеец го купува A.C Milan за милијарда евра?

Италијанските и англиските медиуми објавија вчера дека Бернард Арно, сопственик на познатиот бренд Louis Vuitton и најбогат европеец, подготвен е да го купи фудбалскиот клуб Милан за дури една милијарда евра.

Богатството на Арно се проценува на 90 милијарди евра, а сегашниот сопственик на Милан, корпорацијата Elliot Management, наводно, нема намера да го продаде клубот и досега ги отфрли претходните понуди кои се движеа некаде помеѓу 500 и 800 милиони евра.

A.C Milan се уште е во процес на стабилизација, што финансиски, што резултатски, а во моментов ни во италијанското првенство не бележат одлични резултати.

Извор: denar.mk