Покрај урамнотежената исхрана и ефективните вежби, постојат и неколку намирници кои дополнително ќе ни помогнат да потрошиме неколку килограми вишок и да растопиме маснотии во пределот на стомакот. За најефективни резултати, препорачливо е наведените намирници што е можно поскоро да ги вклучите во својот режим на исхрана.
- Кокосово масло
Кокосовото масло содржи средно ланчани триглицериди, па полесно се вари од маслиновото и сончогледовото масло и во црниот дроб се претвора во енергија, наместо да се депонира на стомакот во форма на маснотии, го охрабрува намалувањето на веќе акумулираните масти, затоа се препорачува кокосовото масло да го замените со други масла кои секојдневно ги користите во исхраната.
- Зелен чај
Обидете се наместо првото утринско кафе во својата рутина да воведете чаша зелен чај. Зелениот чај ја стимулира елиминацијата на токсините од организмот и влијае на редукција и намалување на масните клетки, меѓутоа, за да ефектот биде целосно ефективен потребно е да пиете 3 до 4 чаши на ден.
- Куркума
Жолтиот зачин има антиинфламаторни својства и ја ублажува стресната состојба од време на време во која телото се наоѓа. Доколку овој зачин го додавате во секој ваш оброк, ефикасно ќе го поттикнете намалувањето на маснотиите.
- Вода
8 чаши вода на ден, колку пати сте го чуле тоа, но и понатаму не се придржувате кон конзистентно споменатото правило. Ако секој ден внесувате доволна количина вода, ќе го забрзате вашиот метаболизам, ќе го намалите чувството на надуеност и покрај тоа ќе го поттикнете намалувањето на масното ткиво и ќе го исчисти телото од штетни материи. Ако сите пијалоци кои содржат шеќер ги замените со вода, значително ќе го намалите дневниот внес на калории, што е веќе доволна промена која ќе го поттикне губењето на тежината.
Извор: denar.mk