Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2008 година, соопшти денеска Европската Комисија.
Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од , лажни парфеми од Турција Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.
Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.
Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.
Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.
Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.
Од 57.433 во 2017 година, бројката на задржани производи на царина е зголемена на 69.354 во 2018 година.
Вкупно околу 27 милиони предмети го прекршувале правото на интелектуална сопственост.
– Царинските службеници ширум ЕУ успешно следеа и задржаа фалсификувани производи кои се често опасни за потрошувачите, нивната работа е дотолку потешка што расте бројот на мали пакувања кои влегуваат во ЕУ преку онлајн продажба, изјави Пјер Московиси, еврокомесарот задолжен за економија, финансии и царина.
МИА