Против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева биле обезбедени докази дека таа, а не судијата на претходна постапка надлежен за „Империја“, дала дозвола МВР да му издаде нова патна исправа на првоосомничениот Јордан Камчев. Тој потоа ја пријави дека таа и Бојан Јовановски му зеле пари за услугата, за што добија кривични пријави и притвор.
Двата пасоша на Камчев му се во Основниот суд Скопје 1. Барањата за враќање на патните исправи од осомничените во „Империја“ додека трае истрагата, судијата на претходна постапка во пракса ги одбива, не ги даваат ни Апелациониот суд по жалба.
Ако побарал Камчев некој од двата одземени пасоша, судот постоело ризик да не му ги даде, па затоа во договор со Јанева и со милион ипол евра платени кај Бојан Јовановски, Камчев побарал нова патна исправа, од времен карактер.
Времениот пасош на Орце Камчев му истекува на почетокот на следниот месец. На почетокот на мај тој го доби времениот пасош, со важност од 6 месеци.
Не се знае кој ќе ги води во иднина истрагите на СЈО, а со тоа и на големиот предмет „Империја“ на кој предметен обвинител беше Лиле Стефанова. Приоритет на Јавниот обвинител на Македонија, велат од неговиот кабинет, се определувањето надлежност на предметите со обвиненија, за кои уште течат судски рочишта.
сакамдакажам.мк