Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово.
При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.
МИА