Скопје, 18 септември 2019
Изнесените информации дека не е постапено по случајот за поранешниот претседател на Сојузот на тутунопроизводители Кире Неделковски, се уште една дезинформација и лага на ВМРО ДПМНЕ, во обид да соберат политички поени и да ги придобијат земјоделците.
Не е точно дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство не реагирало за случајот со Сојузот на тутунопроизводителите како што тврди, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.
Добиеното известување од Сојузот на тутунопоризводители, тогашниот министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 18.02.2019 веднаш го препрати до Управата за финансиска полиција што јасно се гледа и во приложениот документ. Надлежната институција е навремено информирана и од страна на МЗШВ и е укажано во согласност со законските надлежности да ги испита и утврди сите сознанаија за финансиска проневера.
Според надлежностите, од страна на МЗШВ е постапено соодветно законите и за случајот била информирана надлежна институција за справување со финансиски криминал.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство