Во Тетово на јавните површини пак се појавија кучињата скитници – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 3:32 PM

Во Тетово на јавните површини пак се појавија кучињата скитници

Во Тетово на јавните површини пак се појавија кучињата скитници. Ветеринарната амбуланта избрана на тендер повеќе не ги третира овие бездомни животни, откако истиот им заврши во април годинава .

Веќе 5 месеци кучињата скитници во Тетово не се третираат, а улиците и тротоарите се преполни со овие бездомни животни. Од Ветеринарната амбуланта Тетово, која го доби тендерот за згрижување и лечење на овие животни, апелираат што поскоро да се објави новиот тендер.

За првиот тендер Ветеринарната амбулатна доби 10 000 евра што е недоволно за град како Тетово кој во секоја населба има глутница кучиња скитници.

Од Општина Тетово, велат дека се обезбедени средства за вториот тендер за кучињата скитници, кој ќе биде објавен за еден месец.    

Зоран Димовски