Истражување: Не донесувајте одлуки со празен стомак – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 3:34 PM

Истражување: Не донесувајте одлуки со празен стомак

Носењето важни одлуки со празен стомак може да значи лош избор – покажува едно ново истражување на научници од шкотскиот Универзитет на Данди. Според истражувањето, гладот значително го менува начинот на кој луѓето носат одлука, предизвикува расеаност и голема е веројатноста човекот да избере не многу поволно решение за одредена ситуација.

Во испитувањето учествувале 50 лица и сите биле тестирани двапати – еднаш „на гладно“ и еднаш кога веќе биле сити. Заклучоците говорат дека гладот ги менува приоритетите во области на интерес, кои воопшто и не се поврзани со храната, како на пример, деловните или лични односи.

Од друга страна пак, познато е дека не треба да се пазаруваат прехранбени производи на празен стомак, зашто тогаш поголема е веројатноста да купите нешто нездраво за јадење.