На постојка во Неготино се степале двајца таксисти, едниот од Кавадарци, другиот од Неготино. Тепачката бил поради патници.
Таксистот од Неготино од тепачката се здобил и со повреди, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
„Денеска во 08.00 часот на ул.„Мaршал Тито“ во Неготино, е нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на 53 годишник од Кавадарци. Тој управувал кавадаречко такси возило, истиот нападнал шеесет годишен таксист од Неготино, при што, му нанел телесни повреди“ информира Додевски.
Полицијата трага по таксистот напаѓач кој веднаш по тепачката побегнал во непознат правец.
Ангел Данов