Осака четвртфиналистка во Осака – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 2:37 PM

Осака четвртфиналистка во Осака

Четвртиот рекет на светот, Јапонката Наоми Осака денеска избори четвртфинале на ВТА турнирот во Осака, победувајќи ја бугарската претставничка, Викторија Томова.

Во меч што траеше еден и пол час игра Јапонката пред домашната публика ги доби двата сета, првиот со 7:5, вториот со 6:3.

Претходно, во четвртфиналето место обезбедија Елис Мертенс (Белгија) и Анџелик Кербер (Германија) и Медисон Кис (САД).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 757.900 долари.