Здравствените работници од Тетово се приклучија на протестот против насилството – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 2:18 PM

Здравствените работници од Тетово се приклучија на протестот против насилството

Лекари, медицински сестри и друг персонал од Клиничката болница во Тетово денеска половина час протестираа со цел да укажат на потребата да се спречи насилството врз вработените во здравствениот сектор. Тие се собраа во кругот на Клиничката болница и на половина час ја прекинаа нивната работа.

„Целта на овој собир е да се спречи насилството врз лекарите и другиот персонал. Бараме од надлежните и од полицијата да не заштити и да не се повторуваат инцидентите кои ги имаше во Клиничка болница во Тетово. Секојдневно се соочуваме со разни притисоци и вербални напади, а состојбата кулминира со физички напад“, изјави д-р Махир Камбери, специјалист по радиодијагностика.

Во Клиничката болница во Тетово работат околу 170 доктори, медицински сестри и друг персонал.