Активистите за борба против климатските промени бараат средните училишта да ги пуштат учениците на протест – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 12:22 PM

Активистите за борба против климатските промени бараат средните училишта да ги пуштат учениците на протест

Средношколци од Скопје сакаат да се приклучат на протестот против климатските промени в петок, но стравуваат дека поради тоа ќе сносат последици во нивните училишта – тврди граѓанското движење Friday for future или Петоци за иднината. Активистите кои се борат против климатските промени денеска јавно апелираа до средните училишта во главниот град да им дозволат на средношколците да ги напуштат првите два часа од втората смена задутре, за да можат да присуствуваат на протестот пред Владата со почеток во 13 часот. На овој начин, училиштата би се солидализирале со глобалните протести кои ќе се одржат во пресрет на Климатскиот самит на Обединетите нации.

Драги просветни работници, пронајдете ја повторно во себе причината поради која сте ја избрале оваа вокација. Ова не е обично отсуство, или бегање од часови, туку нешто многу поголемо и поважно. Не им ставајте неоправдани изостаноци на вашите деца, туку напротив, охрабрете ги да дојдат на настанот и заедно со нивните врсници од целиот свет да се изборат за здрава и безбедна иднина! На крајот на краиштата, придружете им се и вие! Тие не смеат да се плашат од вас и од вашиот образовен систем, туку треба да ја развиваат свеста за тоа што не опкружува и тоа што претставува вистинска закана за нивните млади животи – се вели во повикот на граѓанските активисти.

Тие најавуваат дека седум дена ќе организираа настани со цел да ја зголемат свеста за еколошката криза, но сметаат дека најважен е протестот в петок, зашто од него ќе се испрати пораката дури до Њујорк дека и во Македонија се свесни дека климатските промени претставуваат најважно прашање на 21-от век, и дека најмладите генерации се тие кои ќе бидат жртвите на одложувањето на неговото решавање.

Протестите против климатските промени  ги почна активистката Грета Тунберг од Шведска, која секој петок изостануваше од настава за да протестира пред Владата во обид да ја поттикне да се заложи повеќе во борбата со климатските промени. Активиската преку социјалните мрежи како ја следат милиони корисници, соопшто декасредните училишта во Њујорк нема да ги спречуваат учениците да присуствуваат на протестот пред седиштето на Обединетите Нации.