Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во голема и тешка неизвесност откако првичните резултати од вчерашните избори покажаа неизвесна трка и губење на моќта на Нетанјаху, кој по повеќе од една деценија е на власт.
Неговиот главен противник, центристот Бени Ганц, денес рече дека, според првичните резултати, изгледа дека најдолговечниот израелски лидер е поразен, но оти треба да се причекаат официјалните резултати.
Нетанјаху не прогласи ни победа ни пораз, туку рече дека ги чека резултатите во обраќањето до својата партија, десничарската Ликуд. Неговото неуспешно составување на владата по изборите во април доведоа до нови избори вчера.
Официјалните резултати од изборите би требало да се знаат за околу една седмица, но како Кнесетот ќе објавува делумни резултати, сликата ќе станува се’ појасна.