Кинеската „молња“ побрза од јапонскиот „куршум“: Најбрзиот воз ќе вози со 600 километри на час – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/19 10:07 AM

Кинеската „молња“ побрза од јапонскиот „куршум“: Најбрзиот воз ќе вози со 600 километри на час

Кина го претстави прототипот на најбрзиот воз на светот, таканаречениот „маглев“. Ќе може да рзвива брзина до 600 километри на час, а првите патници ќе ги прими во 2021 година, пренесуваат светски медиуми. Прототипот на ултра-брзиот воз е долг 53 метри, а го развива кинеската државна железничка компанија ЦРРЦ.

Кинескиот воз ќе биде побрз од во моментот најбрзиот – шангајскиот во Јапонија, кој достигнува брзина од 431 километар на час (во Европа „евростар“ развива брзина до 300 километри). Се забрзува со помош на магнетни сили и буквално лебди во воздухот. Производството на кинескиот супербрз воз со пет вагони ќе почне следната година. За проектот биле издвоени 3,2 милијарди јуани.