Подвиг на македонските одбојкари – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 9:10 PM

Подвиг на македонските одбојкари

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е во осминафиналето на Европското првенство, откако со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата Ц.

Нашите одбојкари направија вистинско чудо, нешто што никој не очекуваше, ја замолкнаа полната „Стожице“ и се радуваа на нова историја!

Вчерашната победа над Белорусија ја врати насмевката кај нашите одбојкари, го зголеми оптимизмот дека можеме да одиграме на врвно ниво и да го победиме домаќинот, тоа и се случи. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал, но падна на колена пред нашата репрезентација.